Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Мисајловски со амбасадорот на Република Бугарија Н.Е. Ангел Ангелов

Средба на министерот Мисајловски со амбасадорот на Република Бугарија Н.Е. Ангел Ангелов

Одбранбената соработка меѓу двете земји е пример како треба да соработуваме како две соседски, пријателски и сојузнички земји. Писмото на намери кое неодамна го потпишаа министрите за одбрана на последниот Самит на НАТО, со што се олеснува воената мобилност на коридорот 8 дополнително ја зацврстува соработката во одбраната, нагласија министерот за одбрана Владо Мисајловски и амбасадорот на Република Бугарија, Н.Е. Ангел Ангелов на денешната средба во Министерството за одбрана на која присуствуваше и одбранбеното аташе, потполковник Асен Ламбев.

Билатералната, регионалната и соработката во рамки на НАТО особено во заштита на источното крило на Алијансата е виден показател за соработката меѓу двете сојузнички земји. Припадници на македонската Армија се дел од мисијата eVA „Активности на зголемена будност“ во Бугарија, а заеднички учествуваат во Бригадата на Југоисточна Европа.

Дополнително одбранбената соработка е јасно видлива и во делот на образованието и обуките за воениот персонал на Воената академија во Бугарија но и на учеството на питомци на Летниот кампус во организација ан Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“.

Заедничкото учество на вежби и обуки како на билатерална, така и на регионална основа придонесува на развојот на соработката меѓу двете држави.

Мени за пристапност