Државниот секретар во Министерството, Елизабета Шуповска Ристова денеска (25 јули) се сретна со досегашното и новопоставеното одбранбено аташе за нашата земја, полковникот Пјотр Грела и полковникот Томаж Малимон.
Чуповска Ристова на полковникот Грела му се заблагодари за одличната соработка на полето на одбраната, додека на полковникот Малимон му посака добредојде и му порача дека Министерството останува отворено за развој на одбранбените односи помеѓу двете сојузнички земји.
За време на средбата беше нагласена заложбата за зајакнување на соработка со потпишување на план за одбранбена соработка меѓу двете земји.
Македонско – полската соработка во одбраната датира од 1996 година и се движи во нагорна линија. Од воспоставувањето на одбранбената соработка реализирани се голем број на заеднички средби на воено и одбранбено ниво. Воедно, припадници на Армијата учествуваа на воени вежби и активности реализирани во Полска, меѓу кои и вежбата „Анаконда 23.“