Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на државниот секретар Чуповска Ристова со земeник-помошникот генерален секретар на НАТО, амбасадорот Хамилтон: регионалната безбедност и стабилност останува во нашиот фокус

Средба на државниот секретар Чуповска Ристова со земeник-помошникот генерален секретар на НАТО, амбасадорот Хамилтон: регионалната безбедност и стабилност останува во нашиот фокус

Денеска (5 октомври) во Министерството за одбрана, државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова се сретна со заменикот помошник генерален секретар на НАТО за партнерства, амбасадорот Кевин Хамилтон со кого разговараше за политичките и безбедносни случувања во регионот, како и за македонскиот придонес во зацврстувањето на регионалната безбедност, видлив преку учеството на македонски војници во мисијата на Алијансата на Косово, КФОР.

„Регионалната безбедност останува во нашиот фокус. Македонски војници ќе продолжат да даваат и личен придонес во мисијата на НАТО, КФОР, исто како и во рамките на мултинационалните сили на НАТО во Романија и Бугарија. Земјава е посветен сојузник кој активно придонесува кон зајакнувањето на колективната безбедност на НАТО“, рече државниот секретар.

 Чуповска Ристова се осврна и на инвестициите во одбраната, при што истакна дека Армијата е навлезена во интензивен процес на модернизација и опремување, согласно националните приоритети и НАТО – целите на способност. Годинава една третина од одбранбениот буџет се издвојува за нова и модерна опрема, интероперабилна со сојузниците во Алијансата.

На средбата, амбасадорот Хамилтон се запозна и со процесите за ревизија на клучните документи во одбраната, со што ќе се овозможи процесот на развој на одбраната да се прилагоди на новата геополитичка реалност.

Заменикот помошник на НАТО, Хамилтон, на средбата се заблагодари за придонесот кој армијата го дава во зацврстувањето на колективната одбрана и на стабилноста на регионот.

Мени за пристапност