Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба ДС Чуповска Ристова со Кирсти Клабое, генерален директор за кадровска политика во МО на Норвешка

Средба ДС Чуповска Ристова со Кирсти Клабое, генерален директор за кадровска политика во МО на Норвешка

Генералната директорка на Одделот за кадровска политика, компетентност и заеднички правни услуги при Министерството за одбрана на Норвешка, Кирсти Клабое и одбранбеното аташе, полковник Даг-Магне Лунде беа дел од гостите за време на денешното свечено одбележување на Денот на Армијата 18-ти Август.
По свечената церемонија, државниот секретар Елизабета чуповска Ристова оствари средба со директорката Клабое и одбранбеното аташе Лунде.
За време на средбата од страна на Чуповска Ристова беше изразена благодарност за севкупната поддршка од страна на сојузничка Норвешка во градењето на македонската Армија, преку обуки, едукација, заеднички вежбовни активности, размена на искуства во различни области и упати особена благодарност за разните донации во опрема за Армијата.

На средбата се разговараше за сеопфатната билатерална соработка која вклучува активности во различни области и за подготвеноста за ажурирање на постоечкиот договор за соработка во кој ќе бидат вметнати елементи за стратешка соработка и развој.

Мени за пристапност