Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Работен брифинг на Министерот Мисајловски со началникот на Генералштабот на Армијата генералот Ѓурчиновски

Работен брифинг на Министерот Мисајловски со началникот на Генералштабот на Армијата генералот Ѓурчиновски

Утрово во кабинетот, министерот за одбрана Владо Мисајловски имаше работен брифинг со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски.

Од страна на генералот Ѓурчиновски, министерот за одбрана беше запознаен со актуелната состојба во областите кои се од значење за подготвеноста на Армијата, како и за тековните активности кои ги изведува Армијата во државата и во рамки на НАТО заедничките операции и вежбовни активности. Генералот Ѓурчиновски информираше за плановите и задачите на Армијата во текот на следниот период.

На средбата се разговараше за приоритетите кои се однесуваат на Армијата особено во поглед на модернизацијата на Армијата, опременоста и стандардот на припадниците, кои го даваат својот максимум во заштита на националната, регионалната и безбедноста на Алијансата.

Мени за пристапност