Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска имаше проштална средба со амбасадорот на НР Кина, Н.Е. Џанг Ѕуо во Министерството за одбрана на која присуствуваше и одбранбено аташе, полковникот Зу Нинг.
Министерот Мисајловски упати благодарност до амбасадорот Ѕуо, за неговиот активен придонес за одржување на добрите односи меѓу двете земји за време на неговиот мандат и му посака успех на новата должност.