Денеска во Воена академија ,,Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, министерот за одбрана Владо Мисајловски присуствуваше на потпишувањето на Меморандум за соработка помеѓу Воената Академија и Министерството за спорт, од страна на деканот, полковник Митко Богдановски и министерот Борко Ристовски.
Меморандумот за соработка преставува основа за соработка во областа на физичките подготовки и спортот, која ќе придонесе за унапредување на спортот како клучен дел од образованието и обуката на питомците и идните офицери.
Со меморандумот се предвидува размена на стручни и професионални искуства, научна и техничка поддршка во изготвување на експертски анализи, организирање и реализација на заеднички проекти, како и изградба на спортска инфраструктура и друго, со цел подобрување на условите за тренинг и развој на офицерите.