Во спомен на осумтемина припадници од резервниот состав на Армијата кои пред 24 години својот живот го положија во одбрана и заштита на татковината кај месноста Љуботенски бачила, денеска делегација од Министерството за одбрана и Армијата предводена од директорот на Генералштабот, бригаден-генерал Орце Јордев, положи венци со свежо цвеќе на спомен-обележјата во с.Љубанци, Волково, касарната „Илинден“ и во Општината Ѓорче Петров.
На 10 август 2001 година со воено товарно возило на Армијата, на патот кај месноста Љуботенски бачила, при активирање на мина животот го загубија: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.