Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

На предновогодишниот собир со вработените во одбраната и Генералштабот доделени признанија на пензионираните вработени

На предновогодишниот собир со вработените во одбраната и Генералштабот доделени признанија на пензионираните вработени

Денеска (30 декември) во Министерството за одбрана беше реализиран предновогодишен собир со вработените во одбраната и Генералштабот на Армијата на кој беа врачени признанија по повод пензионирање на припадници на Армијата и Министерството.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, изразија благодарност и почит кон пензионираните припадници за нивниот придонес, за посветеноста во службата и за досегашните достигнувања. На пензионираните припадници им упатија честитки по повод нивното пензионирање, со желби за добро здравје, среќа и долг и исполнет пензионерски живот.

Припадниците на Армијата и Министерството за одбрана со својот несебичен и професионален ангажман дадоа значаен придонес за функционалното и борбеното оспособување на командите и единиците на Армијата. Во текот на извршувањето на службените задачи, тие постојано докажуваа висок степен на интегритет, дисциплина и пожртвуваност, целосно свесни за местото и улогата на Армијата во општеството.

Со професионалното и одговорно извршување на задачите, тие трајно ќе останат дел од колективната меморија на Армијата.

Министерот Мисајловски и генералот Лафчиски до сите вработени во одбраната и до сите припадници на Армијата упатија благодарност за вложениот труд и заложбата во реализацијата на задачите и јакнењето на одбраната. Притоа порачаа дека следува уште поинтензивна година на работа која дополнително ќе ја зајакне синергијата помеѓу Армијата и Министерството со цел овие институции да останат препознатливи како најуспешни институции во државата.

Мени за пристапност