Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мисајловски на Денот за високи гости на вежбата „Брз одговор 25“: оваа вежба е јасен приказ за посветеноста на македонската Армија кон националната и колективната безбедност

Мисајловски на Денот за високи гости на вежбата „Брз одговор 25“: оваа вежба е јасен приказ за посветеноста на македонската Армија кон националната и колективната безбедност

Денеска (2 јуни) на најголемиот армиски полигон „Криволак“ се реализираше Денот за високи гости на вежбата „Брз одговор 25“ која е и најголемата вежба која се реализира во нашата земја годинава. Министерот Владо Мисајловски пред присутните, меѓу кои и претседателката Гордана Сиљановска – Давкова и премиерот Христијан Мицкоски порача дека вежбата претставува „јасна демонстрација на посветеноста на македонската Армијата кон националната и регионалната безбедност, како и стабилноста на Алијансата“ и дека на овој начин ги унапредуваме способностите за одвраќање и одбрана на НАТО.

„Околу 2.200 припадници од седум сојузнички и две партнерски земји, и голем број современа опрема, вклучувајќи инженериски и оклопни возила, тенкови, борбени, транспортни и транспортно медицински хеликоптери се дел од оваа вежба“, рече Мисајловски додавајќи дека со учеството на припадниците од армиите на соседните земји даваме јасна порака дека „сите заедно вложуваме во безбедноста и стабилноста на регионот и истовремено ја зацврстуваме и продлабочуваме нашата соработка.“

Министерот ја потенцираше и важноста и стратешката позиција на нашиот полигон за обука „Криволак“ кој е „уникатен капацитет за извежбување со можност за реализација на вежби од големи размери“.

Вежбата „Брз одговор 25“ која се реализира во периодот од 26 мај до 9 јуни, вклучува над 2.200 војници – припадници на македонската Армија и на вооружените сили на шест сојузнички земји – САД, Албанија, Грција, Италија, Црна Гора, Обединетото Кралство и две партнерски земји – Австрија и Косово. Во рамки на активностите се користи модерна воена опрема вклучувајќи и инженериски и оклопни возила, тенкови, борбени, транспортни и транспортно медицински хеликоптери.

Мени за пристапност