Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Мисајловски во посета на касарната „Јане Сандански“ во Штип – со засилено темпо продолжуваат капиталните инвестиции во Армијата

Министерот Мисајловски во посета на касарната „Јане Сандански“ во Штип – со засилено темпо продолжуваат капиталните инвестиции во Армијата

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски заедно со командантот на 1. пешадиска бригада, бригадниот генерал Дејан Чиплаковски денеска беа во касарната „Јане Сандански“ во Штип, во увид на реновираниот објект кој е дел од инфраструктурните проекти кои се реализираат во касарните низ државава. 

Министерот Мисајловски порача дека инвестициите за подобрување на инфраструктурата во Армијата продолжуваат со засилено темпо. „Последните недели постојано промовираме нови проекти. Насекаде е раздвижено во касарните...Може да видите еден преубав реконструиран објект, се работи за целосна обнова, целосна реконструкција на објектот 35. тука во касарната во Штип. Инвестиција од 33.7 милиони денари“, рече министерот. 

Тој истакна дека во рамки на реконструкцијата на објектот во касарната се вклучени: нова енергетски ефикасна фасада, обновени електрични инсталации, реконструкција на санитарните јазли како и сите останати градежни зафати и додаде: „Во овој момент повеќе од 100 милиони денари ќе инвестираме само во касарната во Штип...веќе е потпишан договор и за промена на покривот во војничкиот ресторан. Исто така работиме на промена на и адаптација на нови хангари“, потенцира Мисајловски.

Мисајловски посочи дека благодарение на одличната соработка помеѓу Министерството и Генералштабот на Армијата, се продолжува со инвестиции  во инфраструктурата, кои пак ќе придонесат за значително подобри услови за работа, престој и извршување на задачите од страна на припадниците на Армијата и додаде дека во текот на оваа и следната година во инфраструктурни проекти за Армијата ќе бидат инвестирани повеќе од 12 милиони евра.

 

Мени за пристапност