Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Мисајловски на средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Лосон

Министерот Мисајловски на средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Лосон

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон и одбранбеното аташе потполковник Едвард Џон Грин.

Министерот Мисајловски искажа благодарност за досегашната континуирана поддршка за развој на македонските одбранбените капацитети, обуките и школувањата во високите одбранбени установи во Обединетото Кралство за припадниците на Армијата, донациите во опрема и поддршката во однос на обуката за нашата НАТО декларирана единица.

Амбасадорот Лосон порача дека од особена важност е стабилноста на регионот и дека Обединетото Кралство останува посветено на одбранбената соработката со нашата земја и развојот на армиските капацитети.

Од страна на министерот и амбасадорот беше заклучено дека одбранбената соработка е на високо ниво и дека ќе продолжи да се развива. Двете земји продолжуваат активно и интензивно да соработуваат во рамки на Алијансата со взаемни заложби за зачувување на трансатлантската безбедност и стабилност.

Мени за пристапност