Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Државниот секретар, Елизабета Чупоска Ристова на меѓународната научна конференција „New frontiers of conflict and security policy“ – Глобалните предизвици бараат глобален одговор, заеднички пристап и брзата реакција

Државниот секретар, Елизабета Чупоска Ристова на меѓународната научна конференција „New frontiers of conflict and security policy“ – Глобалните предизвици бараат глобален одговор, заеднички пристап и брзата реакција

Државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чупоска Ристова синоќа со свое обраќање ја отвори меѓународната научна конференција „New frontiers of conflict and security policy“, во организација на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет –Скопје, а која се реализира во Дојран во периодот 17 ти до 20ти септември.
Чуповска Ристова истакна дека ваквите научни конференции каде размената на знаења, анализи и искуствата се во насока на изнаоѓање на нови соодветни решенија со цел унапредување на одбранбените системи, а со тоа и зајакнување на безбедноста на државите,
се повеќе од потребни особено денес кога живееме во свет на брзи промени, исполнет со бројни технолошки иновации и предизвици кои што се одразуваат на безбедноста и мирот на граѓаните.

 

„Изменета безбедносна средина, користењето на неконвенционални и конвенционални алатки, сајбер нападите, масовните кампањи за дезинформации, но и климатските промени, здравствените и енергетски кризи кои се глобални по природа, бараат глобален одговор. Затоа повеќе од важен е заедничкиот пристап и брзата реакција, како и нашата континуирана посветеност кон трансатлантското семејство кое го обликува текот на нашата заедничка иднина“, потенцира Чупоска Ристова.

Деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Оливер Бакревски ја потенцира важноста на Институтот за безбедност одбрана и мир кој претставува двигател и значаен носител на научно истражувачката дејност во сферата на безбедноста одбраната и мирот, но и дава огромен придонес во развојот на безбедносниот сектор.

На конференцијата учествуваа претставници од високо образовните институции при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, од Факултетот за криминалистика, криминологија и сајбер безбедност од Сараево, од Комората на приватно обезбедување и од невладини организации.

Мени за пристапност