Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Државниот секретар Чуповска Ристова на седница на Мешовитиот комитет по Договорот за економска и индустриска соработка со Република Чешка

Државниот секретар Чуповска Ристова на седница на Мешовитиот комитет по Договорот за економска и индустриска соработка со Република Чешка

Државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска – Ристова денеска во Прага, Република Чешка учествуваше на третата седница на Мешовитиот комитет за економска и индустриска соработка помеѓу владите на двете држави, каде ја предводеше ресорната работна група во делот на соработка во одбранбената индустрија.

 

За време на Пленарната седница на Мешовитиот комитет, Чуповска – Ристова нагласи дека билатералната соработка во изминатите години успешно се реализира, во областа на воената безбедност, управување со персонал и стандардизација на одбраната каде во насока на зајакнување на повеќе области од одбраната посочи нови предлог иницијативи за идниот план за билатерална соработка.

 

На маргините на Пленарната седница, работната група, оствари билатерална средба со Генералниот директор на Секторот за индустриска соработка при Министерството за одбрана на Чешка, Радка Кондерлова. За време на средбата Државниот Секретар, Чуповска – Ристова истакна дека Министерството за одбрана и Воздухопловно-ремонтниот завод „ЛОМ-Прага“ имаат успешна одбранбена соработка, во рамки на договорите склучени на ниво влада со влада. На средбата меѓу другото се разговараше и за унапредување на соработката во делот на одбранбената индустрија. Од двете страни беше потврдена досегашната успешна соработка меѓу двете држави, како и меѓу двете министерства и беше изразена подготвеност за проширување во областа на одбранбената индустрија.

Мени за пристапност