Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Државниот секретар Чуповска Ристова и заменикот шеф на мисијата на САД, Варнс во посета на АП„Криволак“

Државниот секретар Чуповска Ристова и заменикот шеф на мисијата на САД, Варнс во посета на АП„Криволак“

Државниот секретар во Министерството за одбрана Елизабета Чупоска Ристова, заедно со заменикот шеф на мисијата на САД, Никол Варнс  денеска беа во посета на Армискиот полигон „Криволак“.

За време на посетата командантот на АП „Криволак“, потполковник Горан Кимов, брифираше за најголемиот македонски армиски полигон, за неговите капацитети и можности кои ги нуди во насока на зајакнување на одбранбените капацитети.

Во таа пригода беше истакната големата поддршка токму од САД, која придонесе за силен развој на АП Криволак на кој македонските припадници и голем број припадници од други сојузнички земји имаат можност да ја развиваат интероперативноста меѓу армиите, преку изведување на повеќе видови вежбовни активности.

По брифингот се двете делегации го искажаа задоволството од соработката, а во исто време беше искажана подготвеност и желба за нејзино зголемување, покрај другото и со изградба на уште помодерен и пофункционален полигон.

Настанот беше заокружен со посета на стрелиштето во полигонот Криволак.

Мени за пристапност