Денеска во седиштето на НАТО во Брисел, делегација од Министерстото за одбрана, предводена од државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова, учествуваше на редовните мултилатерални консултации со НАТО, во рамките на НАТО процесот на одбранбено планирање.
За време на состанокот државниот секретар Чуповска Ристова ги образложи плановите на Министерството за одбрана во насока на имплементација на новите доделени Цели на способности.
Таа потенцираше дека иако новите побарувања се сериозен предизвик, Република Северна Македонија е силно посветена на членството во Алијансата и дека како сериозен сојузник ќе продолжи во насока на споделување на товарот и поддршка на колективната безбедност.
Чуповска Ристова за време на мултилатералните консултации беше придружувана и од директорот на Генералштабот на Армијата, генералот Орце Јордев и експерти од Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија.