Почитувани претставници на медиумите,
Денес, 22 октомври 2026 година (четврток) во 11:00 часот, во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, Касарна Гоце Делчев – Скопје, ќе се одржи свеченост по повод заклетва на 30. класа питомци.
За време на одржувањето на свеченоста свое обраќање ќе имаат, министерот за одбрана Владо Мисајловски и деканот на Воената Академија , полковник Ненад Танески.
На свеченоста ќе присуствуваат началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор, Сашко Лафчиски, генерали, претставници на воено дипломатскиот кор, претставници од Министерството за одбрана и Армијата, како и роднини и пријатели на 30.класа питомци.
Ве покануваме да го проследите настанот.
Поради процедурите за влез во касарната „Гоце Делчев“, Ве замолуваме да пристигнете на влезот на касарната, најдоцна до 10:40 часот.