Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Официјална посета на министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез, на Министерството за одбрана, средба со министерот Владо Мисајловски и изјава за медиуми

Министерство за одбрана Министерство за одбрана

Почитувани претставници на медиумите,

 

Mинистерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез ќе престојува во официјална посета на Министерството за одбрана.

Во рамки на посетата предвидени се следните активности: свечена церемонија пред платото на Министерството за одбрана, тет-а-тет разговор со министерот Владо Мисајловски, билатерални разговори на двете делегации и изјави за медиуми.
Во рамки на посетата, министрите Мисајловски и Хелез ќе ја посетат и Воената академија, каде ќе присуствуваат на првиот академски час.

Активноста ќе се одвива согласно следната Агенда:

• свечена церемонија во 10.00 часот;
• изјави за медиуми во 11.10 часот;
• прв академски час на Воената академија во 12.00 часот.

Важни детали:

• Медиумските екипи кои ќе ја следат посетата од самиот почеток (свечен пречек во МО, вклучувајќи ги и изјавите, и другите точки во зградата на Министерството), потребно е да пристигнат на влезот на Министерството (ул. „Орце Николов“ бр.116, Дебар Маало – Скопје) најдоцна до 09.40 часот.
• Медиумските екипи кои ќе ги следат изјавите за медиуми потребно е да пристигнат на влезот на Министерството, најдоцна до 10.00 часот.
• Медиумските екипи кои се заинтересирани да го покријат делот од активноста на Воената академија (кас. „Гоце Делчев“, нас. Аеродром – Скопје), потребно е да пристигнат на влезот на касарната, најдоцна до 11.40 часот.

Поради процедурите за влез замолуваме да се придржувате до наведените времиња за пристигнување.

Мени за пристапност