Утре (29 јули), 10:30 часот, министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со командантот на 1. пешадиска бригада, бригадниот генерал Дејан Чиплаковски ќе ги посетат припадниците на лесната пешадиска баталјонска група во касарната „Јане Сандански“ во Штип и ќе изврши увид во реновираниот објект, кој е ставен во функција во самата касарна.
Посетата е дел од активностите на министерот Мисајловски за подобрување на условите за работа и престој на припадниците на Армијата и за следење на напредокот на градежните проекти во касарните низ државата.
По увидот, министерот Мисајловски ќе даде изјава за медиумите.
Ги покануваме претставниците на медиумите да присуствуваат и да известуваат за настанот.
Поради процедурите за влез, ве замолуваме да пристигнете во касарната „Јане Сандански“ – Штип, најдоцна до 10:10 часот.