Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Известување за реализиран инспекциски надзор во период јануари – март 2023 година

Согласно член 166-г од Законот за одбрана (,,Службен весник на РМ бр.42/01,05/03, 8/06, 110/08, 51/11, 151/11, 185/11, 215/15 и 42/20), Министерството за одбрана има обврска да изготви и достави квартален извештај, кој се објавува на интернет страницата на министерството.

Секторот за инспекција во одбраната, Ве известува дека во кварталниот период Јануари-Март 2023 година, реализира вкупно 5 (пет) инспекциски надзори согласно Годишната програма за инспекциски надзор за 2023 година.

Извршени се инспекциски надзори во делот на надзор над примената и спроведување на прописите од областа на одбраната во субјектите:

1. Во месец Февруари:
-Основен суд – Велес;
-Центар за обука на питомци и офицери.
2. Во месец Март:
-Основен суд – Кавадарци;
-Основно јавно обвинителство -Кавадарци;
-Сквадрон за обука и тренинг.

Кварталeн извештај – акт бр.11-124/1 од 04.04.2023 година

Мени за пристапност