Согласно член 166-г од Законот за одбрана (,,Службен весник на РМ бр.42/01,05/03, 8/06, 110/08, 51/11, 151/11, 185/11, 215/15 и 42/20), Министерството за одбрана има обврска да изготви и достави квартален извештај, кој се објавува на интернет страницата на министерството.
Секторот за инспекција во одбраната Ве известува дека во кварталниот период јануари – март 2022 година, има реализирани инспекциски надзори согласно Годишната програма за вршење на инспекциски надзор за 2022 година, донесена од министерката за одбрана, во една единица на Армијата и два органи на државна власт.
Извршени се инспекциски надзори во делот на надзор над примената и спроведување на прописите од областа на одбраната три субјекти:
1. Армијата, во тенковскиот баталјон ;
2. Основен граѓански суд, Скопје;
3. Основно јавно обвинителство, Скопје.