Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Известување за реализиран инспекциски надзор во период април – јуни 2023 година

Согласно член 166-г од Законот за одбрана (,,Службен весник на РМ бр.42/01,05/03, 8/06, 110/08, 51/11, 151/11, 185/11, 215/15 и 42/20), Министерството за одбрана има обврска да изготви и достави квартален извештај, кој се објавува на интернет страницата на министерството.

Секторот за инспекција во одбраната, Ве известува дека во кварталниот период Април-Јуни 2023 година, реализира вкупно 8 (осум) инспекциски надзори согласно Годишната програма за инспекциски надзор за 2023 година.

Извршени се инспекциски надзори во делот на надзор над примената и спроведување на прописите од областа на одбраната во субјектите:
1. Во месец Април:
-Основен суд – Свети Николе;
-Основно јавно обвинителство – Свети Николе;
-Баталјон за снабдување и транспорт -Скопје.
2. Во месец Мај:
-Основен суд – Битола;
-Апелационен суд -Битола;
-4.Пешадиски баталјон – Кичево;
-Одбранбено Аташе –Франција.
3. Во месец Јуни:
-Основен суд – Неготино;
-чАБХО (чета за атомско биолошко хемиско одбрана).

Кварталeн извештај – акт бр.11-124/2 од 04.07.2023 година

Мени за пристапност