Согласно член 166-г од Законот за одбрана (,,Службен весник на РМ бр.42/01,05/03, 8/06, 110/08, 51/11, 151/11, 185/11, 215/15 и 42/20), Министерството за одбрана има обврска да изготви и достави квартален извештај, кој се објавува на интернет страницата на министерството.
Секторот за инспекција во одбраната Ве известува дека во кварталниот период, Април – Јуни 2022 година, реализирани се инспекциски надзори согласно Годишната програма за вршење на инспекциски надзор за 2022 година, донесена од министерката за одбрана, во три единици на Армијата и пет органи на државната власт.
Извршени се инспекциски надзори во делот на надзор над примената и спроведување на прописите од областа на одбраната во осум субјекти:
1. Во месец Април:
– Вишо Јавно Обвинителство – Скопје;
– Апелационен суд -Скопје;
– 3.пб (3. Пешадиски баталјон ).
2. Во месец Мај :
-Основен суд – Охрид;
-Основно јавно обвинителство – Охрид;
-артб (артилериски баталјон).
3. Во месец Јуни :
-Јавно претпријатие за одржување и заштита на регионални и магистрални патишта-Скопје;
– бв (баталјон за врски).
Кварталниот извештај- акт бр.11-149/2 од 07.07.2022 година