Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Известување за Јавен оглас број 3/2025 за вработување во Министерство за одбрана и ранг листи – завршена втора фаза

Почитувани,

Министерството за одбрана во врска со Јавниот оглас број 3/2025 за вработување на 6 (шест) лица во Министерството за одбрана, објавен на 30.07.2025 година ги известува сите кандидати дека е завршена втората фаза од постапката за селекција и избор –писмен испит.
Со цел навремено и транспарентно известување на сите кандидати за вработување, а во врска со член 5 став (3) од Правилникот за начинот на поднесување на пријава за вработување во Министерството за одбрана, составот на Комисијата за избор, начинот на работа на Комисијата за избор, составување на ранг листи, бодување и избор на прворангиран кандидат, во прилог на ова известување се објавуваат ранг листи на кандидати кои поминуваат во следната фаза на постапката, односно трета фаза –интервју, како и на кандидати кои не поминуваат во следната фаза на постапката и за кои постапката е завршена.

РАНГ ЛИСТИ:

  1. РАБОТНО МЕСТО ОДБ0210В04000 Помлад соработник за административно техничка поддршка за постапување по јавни набавки, категорија В, (1) извршител
  2. РАБОТНО МЕСТО ОДБ0210В04000 Помлад соработник – асистент на Директорот на Директоратот за управување со човечки ресурси, образование и обука, категорија В, (1) извршител
  3. РАБОТНО МЕСТО ОДБ0210В04000 Помлад соработник за административно-технички работи, категорија В, (1) извршител
  4. РАБОТНО МЕСТО ОДБ0210В04000 Помлад соработник за спроведување на активностите за имплементација на НАТО цели на способности за стабилизација и реконструкција, категорија В, (1) извршител
  5. РАБОТНО МЕСТО ОДБ0210Г02000 Референт – технички секретар, категорија Г, (1) извршител и
  6. РАБОТНО МЕСТО ОДБ0210Г02000 Референт за архивско работење, архивар и деловодител за водење на деловодни протоколи со сите степени на класификација, категорија Г, (1) извршител


За кандидатите кои поминуваат во третата фаза, интервјуто ќе се спроведе на 21.11.2025 година со почеток од 09.00 часот во просториите на Министерството за одбрана, 3 кат, канцеларија 319 (ул. Орце Николов бр.116, Скопје).


Со почит,
Министерство за одбрана

Мени за пристапност