Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Известување за Јавен оглас број 3/2025 за вработување во Министерство за одбрана и ранг листи – завршена прва фаза

Почитувани,

Министерството за одбрана во врска со Јавниот оглас број 3/2025 за вработување на 6 (шест) лица во Министерството за одбрана, објавен на 30.07.2025 година ги известува сите кандидати дека е завршена првата фаза од постапката за селекција и избор – административна селекција.
Со цел навремено и транспарентно известување на сите кандидати за вработување, а во врска со член 5 став (3) од Правилникот за начинот на поднесување на пријава за вработување во Министерството за одбрана, составот на Комисијата за избор, начинот на работа на Комисијата за избор, составување на ранг листи, бодување и избор на прворангиран кандидат, во прилог на ова известување се објавуваат ранг листи на кандидати кои поминуваат во следната фаза на постапката, односно втора фаза – писмен испит, како и на кандидати кои не поминуваат во следната фаза на постапката и за кои постапката е завршена.

РАНГ ЛИСТИ:

  1. РАБОТНО МЕСТО ОДБ0210В04000 Помлад соработник за административно техничка поддршка за постапување по јавни набавки, категорија В, (1) извршител
  2. РАБОТНО МЕСТО ОДБ0210В04000 Помлад соработник – асистент на Директорот на Директоратот за управување со човечки ресурси, образование и обука, категорија В, (1) извршител
  3. РАБОТНО МЕСТО ОДБ0210В04000 Помлад соработник за административно-технички работи, категорија В, (1) извршител
  4. РАБОТНО МЕСТО ОДБ0210В04000 Помлад соработник за спроведување на активностите за имплементација на НАТО цели на способности за стабилизација и реконструкција, категорија В, (1) извршител
  5. РАБОТНО МЕСТО ОДБ0210Г02000 Референт – технички секретар, категорија Г, (1) извршител и
  6. РАБОТНО МЕСТО ОДБ0210Г02000 Референт за архивско работење, архивар и деловодител за водење на деловодни протоколи со сите степени на класификација, категорија Г, (1) извршител


За кандидатите кои поминуваат во втората фаза, писмениот испит (општ и посебен дел) ќе се спроведе на 19.11.2025 година со почеток од 09.00 часот во просториите на Министерството за одбрана, во Регионален центар за односи со јавноста (РЦОЈ), објект во касарна Гоце Делчев, населба Аеродром, Скопје (ул.Васко Карангелевски бб, Скопје).

Се замолуваат кандидатите да дојдат 15 минути порано пред закажаниот термин и со себе да понесат важечки документ за идентификација (лична карта или патна исправа) и доделениот идентификациски код.

Неприсуството на писмениот испит ќе се смета за повлекување од постапката за селекција и избор по Јавниот оглас број 3/2025 за вработување на 6 (шест) лица во Министерството за одбрана.

 

Со почит,
Министерство за одбрана

Мени за пристапност