Почитувани,
Министерството за одбрана во врска со Јавниот оглас број 3/2025 за вработување на 6 (шест) лица во Министерството за одбрана, објавен на 30.07.2025 година ги известува сите кандидати дека е завршена постапката за селекција и избор.
Во таа насока донесени се ранг листи со идентификациски кодови со вкупен број на освоени бодови од сите фази на постапката за вработување во Министерството за одбрана, како и одлуки за извршен избор согласно член 10 став (4) од Правилник за начинот на поднесување пријава за вработување во Министерството за одбрана, составот на Комисијата за избор, начинот на работа на Комисијата за избор, составување на ранг листи, бодување и избор на прворангиран кандидат.
РАНГ ЛИСТИ
- РАБОТНО МЕСТО ОДБ0210В04000 Помлад соработник за административно техничка поддршка за постапување по јавни набавки, категорија В, (1) извршител;
- РАБОТНО МЕСТО ОДБ0210В04000 Помлад соработник – асистент на Директорот на Директоратот за управување со човечки ресурси, образование и обука, категорија В, (1) извршител;
- РАБОТНО МЕСТО ОДБ0210В04000 Помлад соработник за административно-технички работи, категорија В, (1) извршител;
- РАБОТНО МЕСТО ОДБ0210В04000 Помлад соработник за спроведување на активностите за имплементација на НАТО цели на способности за стабилизација и реконструкција, категорија В, (1) извршител;
- РАБОТНО МЕСТО ОДБ0210Г02000 Референт – технички секретар, категорија Г, (1) извршител.
ОДЛУКИ
- РАБОТНО МЕСТО ОДБ0210В04000 Помлад соработник за административно техничка поддршка за постапување по јавни набавки, категорија В, (1) извршител;
- РАБОТНО МЕСТО ОДБ0210В04000 Помлад соработник – асистент на Директорот на Директоратот за управување со човечки ресурси, образование и обука, категорија В, (1) извршител;
- РАБОТНО МЕСТО ОДБ0210В04000 Помлад соработник за административно-технички работи, категорија В, (1) извршител;
- РАБОТНО МЕСТО ОДБ0210В04000 Помлад соработник за спроведување на активностите за имплементација на НАТО цели на способности за стабилизација и реконструкција, категорија В, (1) извршител;
- РАБОТНО МЕСТО ОДБ0210Г02000 Референт – технички секретар, категорија Г, (1) извршител и
- РАБОТНО МЕСТО ОДБ0210Г02000 Референт за архивско работење, архивар и деловодител за водење на деловодни протоколи со сите степени на класификација, категорија Г, (1) извршител.
Со почит,
Министерство за одбрана