Во согласност со Политиката за активна транспарентност, Министерството за одбрана редовно и на секои шест месеци изработува и јавно објавува извештај за степенот на реализација на активностите предвидени со Планот за интегритет 2021-2024 година и годишните планови на активности кои произлегуваат од истиот.
Шестиот Извештај за степенот на имплементација на Планот за интегритет се однесува на периодот 01.01 – 30.06.2024 година.
За периодот 01.01 – 30.06.2024 година, согласно Планот за интегритет 2021-2024 и Планот на активности за 2024 година, беа реализирани шест активности или поделено по области: Човечки ресурси – четири активности, Јавни набавки – една активност и Внатрешна контрола – една активност. Истите се спроведуваат со експертска поддршка од Центарот за интегритет во одбранбениот сектор на Кралството Норвешка – CIDS.
Согласно информирањето од страна на CIDS поврзано со ограничените ресурси со кои располагаат во овој период, односно лимитираните можности за патувања на нивните експерти, дел од обуките од Планот на активности за 2024 година кои требаше да се реализираат во првата половина на годината, ќе се реализираат во втората половина на 2024 година или во текот на 2025 година.