Согласно член 23 од Законот за младинско учество и младински политики и Заклучокот од 57 седница на Влада донесен на 23 март 2021, органите на државната управа, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје се должни да одредат службеник за млади, лице одговорно за работењето на Канцеларијата за млади за координирање, спроведување и следење на прашања од интерес на младите во делокругот на надлежностите на институцијата.
Врз основ на член 55, став (1 ) од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Сл.весник на Република Македонија“ бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10, 51/11 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/19,110/19 и 121/24) , член 14 став (4) и член 23 од Законот за младинско учество и младински политики („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.10/20), Министерот за одбрана донесе Решение за одредување службеник за млади бр. 04-3846/1 од 03.12.2024 година.
Искра Крстевска
e-mail: iskra.krstevska@mod.gov.mk
тел: +389 2 328 2182
Службеникот за млади ги извршува следните работни задачи и обврски:
1. развивање, планирање и следење на активностите поврзани со младите и младинските политики,
2. поддршка на работата на органот на државната управа,спроведувањето на неговата програма, известување и транспарентност
3. одржување на комуникација и редовна соработка со младинските форми на здружување и младите
4. следење на потребите на младите преку обезбедување истражувања за потребите на органот на државната управа, општината, консултации со млади и следење и информирање за анализи и истражувања за трендовите кај младите
5. обезбедување информации и информирање на младите
6. водење на база на податоци за разни младински активности, активни форми на младинско здружување и неформални младински групи за потребите на Истражувачкиот центар на Агенцијата за млади и спорт,
7. редовна комуникација со Агенција за млади и спорт,
8. да биде контакт за сите младински прашања на органот на државната управа кон младите и јавноста