Latest Past Events

Министерката Радмила Шекеринска во прва официјална посета на Португалската Република

Министерката Радмила Шекеринска ја започна дводневната официјална посета на Португалската Република. Посетата се реализира на покана на министерот за одбрана, Жао Гомеш Кравињу и е прва официјална посета на наш […]

Шекеринска на меѓународниот GLOBSEC Форум во Братислава

GLOBSEC Forum 2021

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, денеска ќе учествува на Форумот GLOBSEC во Братислава, каде ќе има и издвоена средба со својот словачки колега, Јарослав Над.

Во рамки на форумот, министерката Шекеринска ќе биде панелист на дискусијата на тема “НАТО 2030 - како дотаму” за улогата на Алијансата во развојот на новите иновативни технологии и прилагодувањето на новите предизвици за евроатлантската безбедност.

Со министерката Шекеринска, говорници на овој панел ќе бидат и словачкиот министер за одбрана, Јарослав Над и министерот за одбрана на Канада, Харџит Саџан.

Форумот GLOBSEC е еден од водечките годишни форуми посветени на глобалната безбедност. На годинешниот Форум, над 100 говорници – претседатели и премиери, министри за надворешни работи, за одбрана, за здравство, директори на глобални компании и претседатели на глобални тинк-тенк организации ќе разговараат на теми поврзани со демократската обнова, економското заздравување и развој, технологиите и безбедноста и отпорноста на здравствените системи.

Skip to content