Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

Министерката Радмила Шекеринска во прва официјална посета на Португалската Република

јули 22 / 08:00 - 19:00

Министерката Радмила Шекеринска ја започна дводневната официјална посета на Португалската Република. Посетата се реализира на покана на министерот за одбрана, Жао Гомеш Кравињу и е прва официјална посета на наш министер за одбрана.

Во рамки на посетата министерката ќе има средба со домаќинот, португалскиот министер, и со началникот на Генералштабот на Португалските вооружени сили. Делегацијата од Министерството за одбрана и од Армијата, предводена од Шекеринска ќе ја посети Командата за здружени операции која е оперативно седиште за португалски мисии во странство – НАТО, ОН и ЕУ мисии, како и училиштето за централизирана обука за странски мисии, пешадија, механизирани единици и артилерија на Португалските вооружени сили.
Воедно во рамки на посетата делегацијата ќе има разговори и во НАТО академијата за комуникации и информации во Лисабон.

Посетата на Португалија е прв чекор во воспоставувањето на билатерална соработка во одбраната меѓу двете земји. Министерството за одбрана на Северна Македонија веќе иницираше потпишување на Договор за билатерална одбранбена соработка кој се очекува да биде потпишан во наредниот период.

Details

Date:
јули 22
Time:
08:00 - 19:00
Event Category:
Skip to content