ЈАВЕН ОГЛАС за прием на цивилен персонал на служба во Армијата на Република Северна Македонија

Врз основа на член 38 и член 39 од Законот за служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.36/10, 23/11, 47/11, 148/11, 55/12, 29/14, 33/15, 193/15, 71/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/19, 275/19 и 14/20), а согласно искажаните потреби за пополнување на Армијата на Република Северна Македонија со цивилен персонал, Mинистерството за одбрана распишува

Ј А В Е Н  О Г Л А С
за прием на цивилен персонал на служба во Армијата на Република Северна Македонија

1.  Се распишува јавен оглас за прием на цивилен персонал на служба во Армијата на Република Северна Македонија (во натамошниот текст „Армијата“) на неопределено време и тоа:

·     Референт за инфраструктура, 1 (еден) извршител во гарнизон Скопје;
·     Психолог, 1 (еден) извршител во гарнизон Скопје;
·     Правник, 1 (еден) извршител во гарнизон Скопје.

2.  На јавниот оглас може да се пријават кандидати кои ги исполнуваат условите утврдени во огласот и тоа:

Општи услови  (за сите работни места):
1.  да е државјанин на Република Северна Македонија,
2.  да е полнолетен,
3.  да има завршено високо образование (VII/1 или минимум 240 ЕКТС),
4.  да има општа здравствена и физичка способност и
5.  да не е постар од 40 години на денот на приемот на служба во Армијата.

Посебни услови:
–  за работно место Референт за инфраструктура – да има високо образование – дипломиран градежен инженер (VII/1 или минимум 240 ЕКТС), со или без работно искуство;
– за работно место Психолог – да има високо образование – дипломиран психолог (VII/1 или минимум 240 ЕКТС), со или без работно искуство;
– за работно место Правник – да има високо образование (VII/1 или минимум 240 ЕКТС) – дипломиран правник, со или без работно искуство.

3.  Работното време е од 08,00 часот до 16,00 часот.

4.  Нето платата, за кандидатите кои немаат работно искуство, согласно условите и критериумите пропишани во Законот за служба во Армијата на Република Македонија, ќе изнесува над 26.000,00 денари

5.  Лицата кои се здравствено осигурани и ќе приложат потврда/уверение издадена од Институт за медицина на трудот за поседување на општа здравствена способност кон пријавата за прием на кандидати за цивилен персонал  на служба во Армијата, нема да подлежат на спроведување на здравствени прегледи за поседување на општа здравствена способност.

Лицата кои не се здравствено осигурани и согласно тоа, не се во можност да достават потврда/уверение издадена од Институт за медицина на трудот за поседување на општа здравствена способност кон пријавата за прием на кандидати за цивилен персонал на служба во Армијата, ќе бидат испратени на проверка на општата здравствена способност на Институтот за физиологија при Клинички центар  –  Скопје.

6.  При вработувањето ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите на стручност и компетентност.

7.  Министерството за одбрана ги повикува и охрабрува девојките и жените кои ги исполнуваат условите да се пријават на јавниот оглас за прием на цивилен персонал на служба во Армијата.

8.  Јавниот оглас за прием на цивилен персонал на служба во Армијата ќе трае 5 дена вклучувајќи го денот на објавување, во најмалку два дневни весници од кои најмалку во еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик и интернет страната на Министерството за одбрана.

9.  Кандидатите за цивилен персонал на служба во Армијата на јавниот оглас може да се пријават преку електронска пошта во Министерството за одбрана javenoglascp@mod.gov.mk со задолжително приложување на документите и податоците наведени во точка 10 од овој Оглас во скенирана форма.

Пријава – превземи 

Прашалник – превземи

Кандидатите за цивилен персонал на служба во Армијата на јавниот оглас може да се пријават и со поднесување на документите во просториите на Министерството за одбрана на адреса „Орце Николов“ бр. 116, Скопје.

10.  При пријавувањето на јавниот оглас, кандидатите треба да ги приложат следните документи и податоци:

–      Пријава за кандидати за цивилен персонал на служба во Армијата  (образецот е достапен на интернет страницата на Министерството);
–      Мотивациско писмо;
–      Своерачно пополнет Прашалник со изјава за морална, материјална и кривична одговорност за точноста на дадените податоци;
–      Фотокопија од документ за лична идентификација (лична карта или патна исправа);
–      Диплома за завршено високо образование;
–      Потврда/уверение издадена од Институт за медицина на трудот за поседување на општа здравствена способност, а кој податок се должни  да го наведат во пријавата за пријавување на кандидати за цивилен персонал на служба во Армијата;

11.  Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се земаат во разгледување.

12.  Кандидатите за цивилен персонал на служба во Армијата кои успешно ќе ги поминат сите предвидени проверки по фази, согласно Правилникот за начинот на спроведување на постапка за прием на кандидати за офицери, односно подофицери, професионални војници и цивилен персонал на служба во Армијата („Службен весник на Република Македонија“ бр.57/18)  и тоа:

–      проверката на податоците кои кандидатите ги изнеле за вистинити,
–      проверката на општата здравствена и физичка способност,
се ставаат на листа за избор и прием на цивилен персонал на служба во Армијата.

13.  Избор на кандидати кои ги исполнуваат условите за прием на служба во Армијата врши министерката за одбрана.

14.  Кандидатите за цивилен персонал кои ќе бидат примени на служба во Армијата и повикани во Министерството за одбрана за потпишување на договор за работа со себе треба да ги носат следните документи:

–      диплома за завршено високо образование;
–      уверение за државјанство;
–      извод од матична книга на родените;
–      уверение дека не му е изречена мерка за безбедност забрана на вршење професија, дејност или должност (не постаро од 6  месеци);
–      важечка лична карта и 2 (две) фотокопии од лична карта на кои треба да биде напишана општината во која се со место на живеење;
–      трансакциска сметка;

15.  Документите задолжително да бидат во оригинал или заверена фотокопија.

16.  Со избраните кандидати, министерката за одбрана или од неа овластено лице склучува договор за работа.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА

Други вести
Skip to content