Центар за поддршка на компании

Почитувани,

Со членството на Република Северна Македонија во НАТО – Алијансата и по усогласувањето на домашното Законодавство, домашните компании имаат можност да учествуваат на набавките објавени за потребите на НАТО и земјите-членки, чија вредност надминува 5 милијарди евра годишно.

Министерството за одбрана формираше Центар за поддршка на компаниите при учество на тендерите на Алијансата кој нуди целосна, сеопфатна поддршка за секоја домашна компанија која ќе пројави интерес.

Ве повикуваме да се пријавите за упис во евиденцијата на економски оператори, кои може да се регистрираат за учество на јавни набавки за потребите на НАТО и земјите – членки. Сè што треба да направите е електронски да поднесете Барање за упис во евиденција на економски оператори, на електронската ареса natonabavki@mod.gov.mk, или во архивата на Министерството за одбрана.

Доколку, пак, веќе сте регистрирани и имате интерес да учествувате на НАТО јавна набавка, а за истото ви е потребна Потврда за исполнетоста на условите за учество во постапките за набавки за потребите на НАТО и нејзините земји-членки, може електронски да поднесете Барање за издавање на потврда за исполнетост на услови за учество во постапките за набавки за потребите на НАТО и нејзините земји-членки, на електронската адреса natonabavki@mod.gov.mk, или во архивата на Министерството за одбрана.

Огласите за јавните набавки на НАТО и земјитe членки можете да ги следните на следниве линкови:

NATO SUPPORT AND PROCUREMENT AGENCY            NATO COMMUNICATIONS AND INFORMATION AGENCY

 

Контакт лице од Центарот за поддршка на компаниите
Владимир Анчев
vladimir.anchev@mod.gov.mk
тел: 02/328 20 42

 

Поврзани документи:

 

Skip to content