Сектор за услуги, туризам, возен парк, одржување и обезбедување ги известува сите заинтересирани вработени во Министерството за одбрана, ГШ на Армијата на Република Северна Македонија дека летната туристичка сезона 2021 година во А.К. „Васко Карангелески“ Св.Наум, Охрид и А.К.„Дојран“ Стар Дојран започнува од 10.07.2021 година. Барање за сместување во наведените објекти се доставуваат до СУТВПОиО, Одделение за услуги и туризам, Дом на Армијата Скопје. По применото барање, телефонски ќе бидете известени 7 дена пред почетокот на смената.

Смени за сместување во автокамповите се:

Ред. бр.ЗАПОЧНУВАЊЕ НА СМЕНАТАЗАВРШУВАЊЕ НА СМЕНАТАБРОЈ НА НОЌЕВАЊА
1.11.07.2021 година20.07.2021 година9
2.21.07.2021 година30.07.2021 година9
3.01.08.2021 година10.08.2021 година9
4.11.08.2021 година20.08.2021 година9
5.21.08.202 година30.08.2021 година9

 

Лице за контакт за поднесување на барањата за во А.К. „Васко Карангелески“ Св.Наум е Весна Пушкоска Танеска тел.071/339-430, а за во А.К.„Дојран“ Стар Дојран е Гоце Дојошевски 070/403-366.

Барање – преземи

Ценовик за летна туристичка сезона 2021

 

Почитувани граѓани,

Доколку сте заинтересирани за користење на услугите на Сидриштето „Билјанини Извори“, Охрид, може детално да се запознаете преку Правилникот за условите и начинот на користење на Сидриштето „Билјанини извори“, Охрид бр. 01-1471/1 од 08.03.2021 година.

Со пополнување на Барањето и негово електронско испраќање на адресата biljaniniizvori@mod.gov.mk во период од 15 март до 1 април, може да пројавите интерес за користење на услугите на Сидриштето.

Со почит,
Министерство за одбрана

Документи:
Правилник за условите и начинот на користење на Сидриштето „Билјанини извори“, Охрид бр. 01-1471/1 од 08.03.2021 година.pdf
Ценовник.pdf
Договор.pdf
Барање.doc

Барање за издавање на Уверение за регулирана воена обврска се поднесува во Министерство за одбрана – Одделенија за одбрана за регион/град (контакт и локација), односно во местото на живеење каде се води воена евиденција. При поднесување на барањето како доказ на увид се приложува воена книшка (доколку ја има) и документ за лична идентификација (лична карта или патна исправа).

ВАЖНО: Барањето за издавање на Уверение за регулирана воена обврска се поднедува ЛИЧНО!

БАРАЊЕ – Превземи



Skip to content