Северна Македонија и Турција ја зголемуваат интероперабилноста при заеднички мировни операции

Воената соработка помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Вооружените сили на Република Турција континуирано се проширува во повеќе области на одбраната. Од денес со потпишување на протокол за донација на пушки помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Република Турција се овозможува поголема интероперабилност на припадниците на двете армии при извршување на заедничките активности во мировни операции.

Во касарната Илинден, протоколот за донација во име на двете министерства го потпишаа државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ и резидентното одбранбено аташе на Република Турција, полковник Серкан Чакир.

Во склоп на потпишувањето на протоколот на кое присуствуваше и директорот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Зоран Милески се презентираа и тактичко-техничките карактеристики на пушките кои се формациско вооружување на ВС на Република Турција.

Со потпишување на протоколот се овозможува по приемот на донацијата припадниците на Армијата на Република Северна Македонија да се запознаат и да извежбуваат ракување со вооружувањето на сојузничката Армија, со што се придонесува во интероперабилноста во мировните операции со припадниците на ВС на Турција со кои имаме долгогодишно искуство во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан каде извршуваа задачи во рамки на турскиот контингент.

Овој чин претставува продолжение на севкупната поддршка во одбраната од страна на Република Турција како наш стратешки партнер, кој во досегашниот период со повеќе донации меѓу кои и последната донација на влечен воз, ја поддржува нашата земја.

Други вести
Skip to content