Редовен состанок на Директорите за одбранбена политика на земјите членки на Алијансата

Во периодот 15-16 септември 2021 година во Штабот на НАТО во Брисел се одржа редовен состанок на Директорите за одбранбена политика на земјите членки на Алијансата , на кој во својство на директор присуствуваше и полковник Горан Илиоски, Раководител на Секторот за политика и планирање.

Целта на состанокот беше подготовка за претстојниот состанок на министрите за одбрана на Алијансата кој ќе се одржи во периодот 21-22 октомври.

За време на состанокот беше постигната согласност околу чекорите во насока на изработка на Стратешкиот концепт 2022, за понатамошниот развој на капацитетите за одбрана и одвраќање на Алијансата како одговор на новите безбедносни предизвици, како и за силната посветеност за координиран одговор на истите. На состанокот стана збор и за научените лекции од мисијата во Авганистан, која е една од темите за која ќе разговараат министрите за одбрана во октомври.

Други вести
Skip to content