Реализиран меѓународен онлајн курс за Кризна комуникација во Регионалниот центар за однoси со јавност

Кризна комуникација начин за справување со настанатите кризи и конфликти

Минувајќи низ една од најголемите глобални кризи во поновата историја предизвикана од пандемијата COVID-19, повторно се наметнува важноста од спроведувањето на ефикасни кризни комуникации за успешноста на целокупниот процес на менаџирање со кризата. Самата ефикасност на кризната комуникација е тесно поврзана со степенот на обученост, стекнатите знаења и практичните вештини на персоналот за односи со јавноста. Во овој контекст, Регионалниот центар за односи со јавноста, во периодот од 07-11 јуни 2021 година, организираше меѓународен онлајн курс за кризна комуникација (НАТО сертифициран курс) чија основна цел беше да се обучат лицата за односи со јавноста од земјите на НАТО и партнерските земји за работа со медиуми во услови на кризи. За време на еднонеделниот курс учесниците од 5 НАТО и пертнерски земји имаа можност подетално да се запознаат со начинот и принципите врз кои НАТО ја организира кризната комуникација во рамки на процесот на кризен менаџмент, но и со начините на организирање и спроведување на НАТО медиумските операции во услови на криза. За време на курсот учесниците имаа прилика да се запознаат со важноста и влијаниетo на социјалните медиуми во процесот на кризната комуникација како и со најдобрите начини за користење на социјалните платформи за пренесување на фактички базираните информации и пораки до клучната публика. Исто така во фокус на курсот беа и начините за разоткривање и справување со лажни вести и дезинформации кои се посебно застапени за време на кризни ситуации. Дополнително, учесниците на курсот под водство на сертифицираните медиа тренери од центарот имаа можност да ги збогатат своите практични искуства преку извежбуваат на ТВ интервју и ТВ изјава базирана врз основа на реалистични кризни сценарија.
По завршување на курсот учесниците се здобија со сертификати за учество.

Home

Други вести
Skip to content