Реализирана обука за примена на мерките за безбедност на класифицираните информации во Центарот за обука „Д-р Џозеф Крузел“

Во Центарот за обука „Д-р Џозеф Крузел“ се реализира онлајн обука за примена на Закон за класифицирани информации, односно на мерките за безбедност на класифицираните информации во Министерството за одбрана.

На обуката учествуваа административни службеници и воен персонал од министерството и Армијата кои се запознаа со начинот на класификација на информациите, условите, критериумите, мерките и активностите што се преземаат за нивна заштита, правата, обврските и одговорностите на создавачите и корисниците на класифицирани информации и други прашања поврзани со користењето на класифицирани информации како и постигнување на потребното ниво на знаења и вештини во примената и постапката со законските прописи за класифицирани информации.

Вработените во Министерствот за одбрана и Армијата кои на каков било начин имаат пристап до информација со определен степен на класификација задолжително и во целост мора да ги познаваат и да ги применуваат мерките и активностите за заштита на класифицираните информации и да бидат темелно запознаени со опасностите од оддавање на информациите на лица со неовластен пристап.

Класифицираните информации се битни за непречено функционирање на секоја организација при што е потребно ефективно управување со истите. Во таа насока, за заштита на класифицираните информации се превземаат збир од мерки и активности за административна, физичка, информатичка и индустриска безбедност, како и мерки за безбедност на лицата кои користат класифицирани информации.

Други вести
Skip to content