Работилница „Управување со води“


Во рамки на билатералната соработка помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, во периодот од 31.08-02.09.2021 година во просториите на Домот на Армијата во Скопје ќе се реализира работилница „Управување со води“. Оваа активност е во делот на иницијативата за цивилно-воени подготовки и од страна на претставници на Инженерискиот корпус на Армијата на САД (US Army Corps of Engineers) ќе бидат споделени искуства, мислења и заедно со претставници од надлежните државни институции ќе биде извршена анализа на мерките односно на инфраструктурата за управување со ризици од поплави.

Целта на работилницата е да се изврши преглед на подготовките, ранливоста, планирањето, мерките за управување на ризиците од поплави и градењето на отпорност на критичната инфраструктура во Република Северна Македонија, на која и се закануваат ризици од поплави.

За предвидениот период ќе бидат посетени повеќе локации, во близина на Скопје и прекуграничниот слив на реката Струмица, каде ќе се направи увид во мерките за ризик од поплави и слабите страни.

Оваа работилница ги отвора можностите за идна соработка со Инженерискиот корпус на Армијата на САД

На работилницата покрај претставници од Министерството за одбрана учествуваат и претставници од министерствата за економија, животна средина, земјоделство, шумарство и водостопанство, од Центар за управување со кризи, од Дирекција за заштита и спасување, од Хидро-метеоролошка управа, од Канцеларијата на одбранбена соработка на САД, од ЕСМ, од АД Водостопанство и Националениот координатор за имплементација на националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Северна Македонија

Други вести
Skip to content