ИНФОРМАЦИИ

за пријавување на кандидати на јавни огласи за прием на професионални војници на служба во нашата Армија

Почитувани граѓани на Република Северна Македонија,

Министерството за одбрана на Република Северна Македонија, објави Јавен оглас за прием на кандидати за професионални војници на служба во Армијата.

Кандидатите за професионални војници на јавниот оглас може да се пријават на електронска пошта во Министерството за одбрана javenoglaspfv@morm.gov.mk со пополнување на образецот Пријава за пријавување на кандидати за професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија. Пријавата може да се  преземе тука.

За дополнителни информации во врска со јавните огласи кандидатите може да се информираат на телефонскиот број 02/328-2535 во Министерството за одбрана.

Јавен оглас за прием на професионални војници

Пријава

Прашалник со изјава за морална, материјална и кривична одговорност за точноста на дадените податоци – образец
(Пополнетиот прашалник  лично се доставува во хартиена форма во Одделението за одбрана во местото на живеење)

Skip to content