Објавен е августовскиот број 142 на електронското издание на магазинот „Штит“

Во фокусот на овој број на списанието „Штит“ е враќањето на нашите мировници од мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан. Прочитајте за свеченоста која се одржа во касарната „Илинден“ по повод завршувањето на мировната мисија во Авганистан и враќањето на нашите мировници. Погледнете ги фотографиите на средните страници на списанието од нашите мировници кои учествуваа во мисиите „Исаф“ и „Одлучна поддршка“ во Авганистан од 2002 до 2021 година. Прочитајте и за искуствата и размислувањата на младата Александра Сибиновска, професионален војник на Армијата на Република Северна Македонија и единствена жена која беше дел од последниот контингент на македонски војници во мисијата „Одлучна поддршка“.

Во овој број на „Штит“ имате можност да ја погледнете анализата на трошоците во одбраната од 2013 до 2020 и инвестициите кои се реализирани во Армијата на Република Северна Македонија.

Информирајте се и за тоа што е когнитивна војна и кои се предизвиците на НАТО за справување со ваквите видови безбедносни закани.

Во број 142 на „Штит“ ви го претставуваме Центарот за здружени воздушни сили на НАТО и неговата програма и мисија.

Прочитајте уште еден напис за поставките во музеите посветени на Денот Д во Нормандија.

На страниците на магазинот се претставени и неколку видови армиски орудија и нивните технички перформанси.

ЛИНК ДО „ШТИТ“ бр. 142

Други вести
Skip to content