ВЕСТИ

Шекеринска почесен гостин на Националната гарда на Вермонт: се разгледуваат можности за обуки на наш кадар за цивилна заштита и спасување

„Цврсто сме убедени во бенефитот кој и нашата Армија и Националната гарда на Вермонт го имаат од исклучително интензивната меѓусебна соработка. По успешната реализација на поголем број заеднички вежби со нетрпение очекуваме да им посакаме добредојде на припадниците на Националната гарда на Вермонт, на претстојната вежба „Брз одговор 22“ која се фокусира на воздухопловно-десантните единици“, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, при посетата на воздухопловната база на националната гарда на Вермонт.Во базата,…

Државниот секретар Николиќ на панел – дискусија посветен на цивилно-воената поддршка при катастрофи: климатските промени се приоритетно безбедносно прашање за Северна Македонија и за НАТО

„И сојузниците и НАТО – Алијансата климатските промени ги карактеризира како клучно безбедносно прашање од највисок приоритет. Неодамнешните пожари со кои се соочувавме и ние и Југоисточна Европа ги ставија на тест нашите капацитети, опременоста, пополнетоста со кадар, нивната обученост, но и координираноста на целиот систем за заштита и спасување. Заклучокот беше и е јасен – системот е поставен, но простор за подобрување има“, рече државниот секретар Драган Николиќ на денешната панел – дискусија посветена на…

Шекеринска од денеска во Вермонт на средби со политичко-воениот врв на државата и на Националната гарда

По успешните средби во Пентагон со секретарот за одбрана Лојд Остин и со неговите блиски соработници потсекретарот Колин Кал и помошничката секретар Лора Купер, и во Стејт Департментот со новиот пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар, од денеска, министерката Шекеринска престојува во американската сојузна држава Вермонт.Во Вермонт Шекеринска ќе се сретне со заменик гувернерката Моли Греј, а ќе ја посети и базата на Воздухопловната национална гарда каде со своите домаќини ќе разговараат за идните активности во…

Македонското знаме поставено во холот на НАТО во Пентагон: САД и честитаа на Шекеринска за визионерството и личното залагање за членство на Северна Македонија во НАТО

Во холот на НАТО во Пентагон се одржа церемонија на откривање на македонското знаме кое по членството во НАТО им се придружи на 29-те знамиња на останатите земји членки на Алијансата. Знамето симболично го открија министерката Радмила Шекеринска и помошничката секретар за одбрана на САД, Лора Купер. Посочувајќи дека членството на Северна Македонија во НАТО го зацврсти мирот и стабилноста на регионот, Купер и се заблагодари на министерката Шекеринска за нејзиното лично залагање за членството во НАТО и за огромниот…

Прва средба на највисоко ниво со новата американска администрација: Шекеринска на состанок со секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин III

И покрај строгите мерки предизвикани од пандемијата за рестрикции на средби и состаноци со физичко присуство, во Вашингтон, САД беше организирана средба помеѓу министерката за одбрана Радмила Шекеринска и американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин III.Средбата измина во исклучително пријателска атмосфера при што министерката го запозна министерот за одбрана на САД со тековните процеси во одбранбената сфера и ги истакна позициите на Северна Македонија во геополитичките процеси во регионот.Потенцирајќи го…

Заменикот-министер Хасани го потпиша Договорот за статусот на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија и Безбедносните сили на Република Косово за време на нивното привремено стационирање на териториите на двете земји

Во рамки на вчерашната заедничката седница на владите на Република Северна македонија и на Република Косово, заменикот министер за одбрана Башким Хасани и министерот за одбрана Арменд Мехај, потпишаа Договорот за статусот на припадниците на вооружените сили на двете земји при нивно стационирање на територијата на другата земја. Целта за склучување на Договорот, е да го регулира статусот на припадниците на силите и цивилната компонента, потоа процедурите за влез и излез при привремено стационирање што подразбира учество…

ИНФОРМАЦИИ ОД МИНИСТЕРСТВОТО

Редовен состанок на Директорите за одбранбена политика на земјите членки на Алијансата

Во периодот 15-16 септември 2021 година во Штабот на НАТО во Брисел се одржа редовен состанок на Директорите за одбранбена политика на земјите членки на Алијансата , на кој во својство на директор присуствуваше и полковник Горан Илиоски, Раководител на Секторот за политика и планирање.Целта на состанокот беше подготовка за претстојниот состанок на министрите за одбрана на Алијансата кој ќе се одржи во периодот 21-22 октомври.За време на состанокот беше постигната согласност околу чекорите во насока на изработка на…

Билатерални одбранбени консултации со СР Германија

Денеска и утре во Министерството за одбрана се одржуваат Билатералните одбранбени консултации помеѓу Северна Македонија и СР Германија.Министерството за одбрана на овие консултации е претставено од делегација предводена од раководителот на Секторот за меѓународна соработка, потполковник Билјана Николовска, а дел од неа е и полковникот Али Хајро, одбранбено аташе на Северна Македонија во Германија.Германската делегација ја предводи полковникот Христијан Шмид, раководител на Секторот за меѓународна соработка со земји…

Излезе најновиот број на месечниот магазин на Министерството за одбрана „Штит“ број 143, септември 2021

Како централна тема во овој број на „Штит“ бр.143, секако, е одбележувањето на 18 Август – Денот на Армијата, но и придонесот на Армијата на Република Северна Македонија при справувањето со големите шумски пожари кои во текот на август зафатија големи шумски пространста ширум нашата земја. Денот на Армијата беше одбележан свечено во секоја единица на Армијата. Прочитајте за текот на централната свеченост по повод Денот на Армијата која се одржа пред Министерството за одбрана во присуство на највисокиот државен и воен врв,…

Работилница „Управување со води“

Во рамки на билатералната соработка помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, во периодот од 31.08-02.09.2021 година во просториите на Домот на Армијата во Скопје ќе се реализира работилница „Управување со води“. Оваа активност е во делот на иницијативата за цивилно-воени подготовки и од страна на претставници на Инженерискиот корпус на Армијата на САД (US Army Corps of Engineers) ќе бидат споделени искуства, мислења и заедно со претставници од надлежните државни…

Објавен е августовскиот број 142 на електронското издание на магазинот „Штит“

Во фокусот на овој број на списанието „Штит“ е враќањето на нашите мировници од мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан. Прочитајте за свеченоста која се одржа во касарната „Илинден“ по повод завршувањето на мировната мисија во Авганистан и враќањето на нашите мировници. Погледнете ги фотографиите на средните страници на списанието од нашите мировници кои учествуваа во мисиите „Исаф“ и „Одлучна поддршка“ во Авганистан од 2002 до 2021 година. Прочитајте и за искуствата и размислувањата на младата Александра Сибиновска,…

Квартален извештај за реализиран инспекциски надзор за периодот април – јуни 2021 година

Секторот за инспекција во одбраната согласно членот 166-г од Законот за одбрана („Сл. Весник на РМ“ бр.42/01; 05/03; 58/06; 110/08; 51/11; 151/11; 185?11; 215?15 и 42/20) има обврска да изготви и достави до министерот за одбрана квартален извештај за објавување на интернет страницата на Министерството за одбрана. Во овој квартален период, Секторот за инспекција во одбраната извршил увид и проверка над спроведувањето на прописите во четири организациони единици на Министерството за одбрана и шест командни единици на…

ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ:
e-mail: media@mod.gov.mk

Лидија Јанчовска Христова
тел | +389 2 328 2048
e-mail: lidija.jancovska@mod.gov.mk
Соња Крамарска
тел | +389 2 328 2432
e-mail: sonja.kramarska@mod.gov.mk
Иван Петрушевски
тел | +389 2 328 2487
e-mail: ivan.petrusevski@mod.gov.mk
Душко Аврамовски
тел | +389 2 328 2487
e-mail: dushko.avramovski@mod.gov.mk

Skip to content