Излезе најновиот број на месечниот магазин на Министерството за одбрана „Штит“ број 143, септември 2021

Како централна тема во овој број на „Штит“ бр.143, секако, е одбележувањето на 18 Август – Денот на Армијата, но и придонесот на Армијата на Република Северна Македонија при справувањето со големите шумски пожари кои во текот на август зафатија големи шумски пространста ширум нашата земја.
Денот на Армијата беше одбележан свечено во секоја единица на Армијата. Прочитајте за текот на централната свеченост по повод Денот на Армијата која се одржа пред Министерството за одбрана во присуство на највисокиот државен и воен врв, како и претставници на дипломатскиот кор и на организации кои соработуваат со Армијата.
Придонесот на Армијата во справувањето со големите пожари ова жешко лето беше неприкосновен. Секојдневно армиските припадници, армиските хеликоптери и друга опрема беа присутни на терените каде гореше. Прочитајте и за улогата на Армијата во кризна и вонредна состојба од агол на законодавството.
Цивилно-воената соработка се покажа на дело токму за време на големите пожари. Неизмерна е благодарноста на жителите од опожарените подрачја кон армиските припадници за помошта и пожтрвуваноста во борбата со огнената стихија.
Во рубриката „Глобал“ пишуваме за 20-годишнината од терористичките напади во САД на 11 септември 2001 г., како и за „Руската рута“, проект кој беше последна соработка меѓу НАТО и Руската Федерација.
Во број 143 на „Штит“ ви ја претставуваме Командата за поддршка и логистика на НАТО.
Прочитајте за поставките во тенковскиот музеј во Дорсет.
Запознајте се со уште неколку видови нови и стари армиски орудија и нивните технички перформанси.

Други вести
Skip to content