Заменикот-министер Хасани го потпиша Договорот за статусот на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија и Безбедносните сили на Република Косово за време на нивното привремено стационирање на териториите на двете земји


Во рамки на вчерашната заедничката седница на владите на Република Северна македонија и на Република Косово, заменикот министер за одбрана Башким Хасани и министерот за одбрана Арменд Мехај, потпишаа Договорот за статусот на припадниците на вооружените сили на двете земји при нивно стационирање на територијата на другата земја.

Целта за склучување на Договорот, е да го регулира статусот на припадниците на силите и цивилната компонента, потоа процедурите за влез и излез при привремено стационирање што подразбира учество на обуки, школување и вежбовни активности, како и транзитирање низ териториите на двете земји.

Со потпишувањето на овој Договор, Северна Македонија и Косово ја продлабочуваат меѓусебната соработка и воспоставуваат заеднички правила кои се корисни при заеднички обуки, вежбовни активности како и транзитирање на нивните вооружени сили.

Други вести
Skip to content