Државниот секретар Николиќ во Брисел: Република Северна Македонија останува посветена на утврдените приоритети за развој на способности согласно стандардите на НАТО

Денеска во седиштето на НАТО во Брисел се одржаа мултилатерални разговори меѓу Република Северна Македонија и НАТО во однос на Пакетот на цели на способности 2021. Ова се први разговори од овој формат кои нашата држава ги одржа како полноправна членка на Алијансата во рамките на НАТО процесот на одбранбено планирање. Делегацијата на Република Северна Македонија беше предводена од Државниот секретар во Министерството за Одбрана, Драган Николиќ.

Во рамките на разговорите пред Комитетот на НАТО за одбранбено планирање беа презентирани плановите за финансирање на одбраната, трансформација и опремување и модернизација на вооружените сили до 2028 и придонесот на Република Северна Македонија во меѓународните операции. Пакетот на цели на способности 2021 содржи 32 квантитативни и 6 квалитативни цели.

Од страна на државниот секретар Николиќ беше истакнато дека Република Северна Македонија останува посветена на утврдените приоритети за развој на способности согласно стандардите на НАТО и во услови на КОВИД–19 и нема отстапување од плановите и приоритетите за достигнување на 2% од БДП до 2024 година.

Сојузниците го поздравија постигнатиот напредок и определбата за стабилно финансирање на одбраната кој претставува јасен показател на посветеноста во исполнувањето на обврските од членството во Алијансата.

 

Други вести
Skip to content