Во Домот на Армијата се реализира обука „Capability Development Framework“

Со цел зголемување на капацитетите на персоналот во целокупниот процес на Планирање, програмирање, буџетирање и извршување, со акцент на анализа на рамката за развој на способности, Секторот за човечки ресурси реализираше обука на тема „Capability Development Framework“.

Предавач на обуката беше Џорџ Свифт – одбранбен советник во Министерството за одбрана на Република Северна Македонија од Департманот за одбрана на САД.

Оваа обука е намената за персоналот од Министерството и Армијата кој е вклучен во работата на програмите: администрација, персонал и образование, обука во Армијата; логистика во Армијата; опремување и модернизација; објекти и инфраструктура; и мировни и хуманитарни операции.

Други вести
Skip to content