Воена академија

ВОЕНА АКАДЕМИЈА „ГЕНЕРАЛ МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ“

– ЗНАЕЊЕ, ЧЕСТ, СЛУЖБА, ТАТКОВИНА –

Почитувани граѓани на Република Северна Македонија,

Во рамките на Министерството за одбрана функционира и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, која е уникатна воена високообразовна институција која продуцира офицери за нашата Армија, но и за дел од армиите на земјите од регионот.

Со приемот на студии во Воената академија вие се здобивате со ексклузивна можност за стипендирано високо образование, како и интернатско сместување, исхрана и одлични услови за работа согласно сите стандарди за едукација на воени офицери.

Воената академија нуди високо квалитетна едукција преку различни акредитирани програми (4+1+3), специјалистички студии и курсеви за различни специјалности кои се неопходни за потребите на Министерството за одбрана и за Армијата. Академијата нуди и континуирано изучување на странски јазици во текот на целото ваше школување, како и користење на најсовремени технологии и размена на искуства со студенти и питомци од други држави од регионот и пошироко. Преку развиената соработка со различни престижни воени академии од Европа и од САД, вие имате атрактивна можност да поминете дел од вашето школување, во рамките на тие академии.

Академијата нуди и можности за стручно усовршување, стекнување на нови знаења и вештини преку континуирана обука реализирана во рамките на Академијата, но и различни меѓународни вежби и активности реализирани со своите партнери во и надвор од НАТО-Алијансата.

Во текот на студиите посебно внимание се посветува на одржувањето на физичката подготвеност преку задолжителни спортски активности, но и обезбедени обуки во земјата и во странство и тоа во скијање, пливање, веслање, како и преку учество на различни национални и меѓународни натпревари и турнири.

По завршувањето на студиите вие се стекнувате со офицерски чин и гарантирано работно место во Армијата, а имате можност и да го продолжите вашето школување во Центарот за обука на пилоти со цел да бидете воен пилот.

Подолу можете да ги најдете подеталните информации за пријавување на прв, втор и трет циклус на студии на Воената академија.

Ве очекуваме!

Информации за запишување на прв циклус на студии на Воената академија

Информации за запишување на втор циклус на студии на Воената академија

Информации за запишување на трет циклус на студии на Воената академија

Информации за запишување слушатели на стручно оспособување и усовршување за родот авијација на Воената академија

Пријавни листови

Skip to content