Благодарница од Агенцијата за национална безбедност до Секторот за воена безбедност и разузнување

Секторот за воена безбедност и разузнување (ССВБиР) при Министерството за одбрана, доби благодарница од Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за досегашната успешна соработка меѓу двете безбедносни служби.
Благодарницата ја прими раководителот на ССВБиР, полковник Горан Василевски.
“Ова е за нас уште еден мотив да продолжиме со нашата работа како во рамките на Министерството за одбрана и Армијата, така и во соработката со нашите колеги од безбедносниот сектор во државата”, вели полковник Василевски.
Благодарницата ја додели директорот на АНБ, Виктор Димовски, во рамки на одбележувањето на 2 години постоење и работа на националната агенција.
Свеченоста се одржа во Клубот на пратеници, при што присуствуваа високи личности од политичкиот и од безбедносниот врв на државата. Благодарници и признанија добија и други организации и раководни личности од областа на безбедноста.

Други вести
Skip to content