Билатерални одбранбени консултации со СР Германија

Денеска и утре во Министерството за одбрана се одржуваат Билатералните одбранбени консултации помеѓу Северна Македонија и СР Германија.

Министерството за одбрана на овие консултации е претставено од делегација предводена од раководителот на Секторот за меѓународна соработка, потполковник Билјана Николовска, а дел од неа е и полковникот Али Хајро, одбранбено аташе на Северна Македонија во Германија.

Германската делегација ја предводи полковникот Христијан Шмид, раководител на Секторот за меѓународна соработка со земји кои не се дел од Европската Унија, како и деск офицерот за Република Северна Македонија, потполковник Михаел Пуш.

Главен акцент на дводневните средби е ставен на усогласувањето на годишниот план за одбранбена соработка за 2022 година, при што ќе бидат дискутирани потребите на двете Армии во доменот на армиските курсеви, обуките и експертските разговори на полето на одбраната.

Покрај усогласувањето на планот за 2022 година, делегацијата од Министерството за одбрана ќе ги презентира капацитетите на армискиот полигон „Криволак, на Регионалниот центар за односи со јавноста, како и домашните потреби за обуки и курсеви.

Други вести
Skip to content